Статистика

Број на посетители : 60606

Најава

Саеми

Владин тим во Ростов, Краснодар и Сочи Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Април 2012 18:14

Од денес 09.04 до 11.04.2012 делегација на владин тим предводена од вицепремиерот на Владата на РМ г-дин Зоран Ставревски се наоѓа во посета на Јужниот федерален регион и областите Ростов, Краснодар и Сочи. Врз основа на агендата на денешната средба во Ростов, владиниот тим презентираше можности за соработка помеѓу бизнисмените од двете земји. Македонска Руска Стопанска Комора имаше активно учество во подготовката на оваа делегација.

Повеќе...
 
Македонија ги укина визите за Руските државјани Печати Е-пошта
Среда, 21 Март 2012 14:37
Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера и официјално соопшти дека ги укинува визите за влез во земјава за руски државјани до март 2013 година за престој до 90 дена.

 

Амбасадор на РФ - Олег Николаевич Шчербак

Овој чекор ќе придонесе многу за развој на деловните и граѓанските контакти и соработка од двете страни“, изјави Олег Шчербак, Амбасадорот на Руската Федерација  во Македонија.

Оваа одлука се носи веќе трета година по ред. Меѓу Македонија и Русија веќе е отворено и прашањето за потпишување спогодба за укинување на визите за влез во Русија за македонските граѓани.

 
Русија е важен инвестициски партнер на Македонија Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Април 2012 08:40
Скопје, 8 Април. /Корр. ИТАР-ТАСС Александр Борисов/.

Раководството на Република Македонија /РМ/ прави напори за зголемување на трговско-економската соработка со Руската Федерација. Како што истакна денес премиерот Никола Груевски, "Русија е важен инвестиционен партнер на РМ и ние сме заинтерирани за утврдување на нашата заедничка соработка".
За реализација на таквата идеја делегација под раководство на вице-премиерот, и министер за финансии РМ Зоран Ставрески отпатува во Русија од 8 до 12 Април . Планирана е посета на Ростов-на-Дон, Краснодар и Сочи, каде ќе има средби со бизнисмени од регионите и представници на Стопанските комори од овие краеви. Покрај тоа, на средби и преговори на преставниците на  Македонија со раководството на администрацијата на Краснодарскиот крај ќe се разгледаат и прашањата за развој на взаемната соработка и презентација на  инвестицискиот потенцијал на РМ.

 
Македонија и Русија потпишаа нова програма за соработка Печати Е-пошта
Петок, 02 Март 2012 08:20
Овој документ претставува правна рамка за интензивирање на односите меѓу Македонија и Руската Федерација, за поинтензивна соработка меѓу институциите, размена на проекти и уметници. Истовремено се отвора и можност за заемно признавање на дипломите од високо-образовните установи во двете држави


Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Владимир Генадиевич Титов вчера ја посети Република Македонија при што оствари средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Во рамките на посетата беше потпишана и Програма за соработка меѓу двете држави од областа на културата, образованието, науката и спортот со важност 2012-2015 година. Со овој документ се интензивира поинтензивна соработка,  меѓу институциите, размена на проекти и уметници, и се отвора можност за заемно признавање на дипломите од високо-образовните установи во двете држави, а во 2012 се очекува и потпишување на Спогодба за основање на културни центри.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 24