Статистика

Број на посетители : 52908

Најава

Саеми

Работна средба со Амбасадорот на Руската Федерација Печати Е-пошта
Среда, 01 Февруари 2012 23:31
На ден 01.02.2012 год. Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора оствари работна средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија г-дин Олег Николаевич Шчербак. Целта на средбата беше запознавање на Амбасадорот со Програмата за работа на комората за 2012 година, која беше усвоена на седницата на Собранието на Комората.
 
Работна средба во МЗШВ Печати Е-пошта
Понеделник, 30 Јануари 2012 18:51

            

На ден 16.01.2012 год. Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Дејан Бешлиев, имаше работна средба во МЗШВ на РМ со г-ѓа Валентина Стојановиќ. Целта на состанокот беше претстојниот саем за вино во Руската Федерација ПРОДЕКПО 2012.   

 
Собрание на Македонска Руска Стопанска Комора Печати Е-пошта
Среда, 01 Февруари 2012 22:59

На ден 31.01.2012 год. Македонска Руска Стопанска Комора одржа седница на Редовно Годишно Собрание. На седницата беа разгледани и усвоени извештајот за финансиското работење, како и извештајот за работа на Управниот Одбор на Комората. Собранието, исто така, согласно член 22 од Статутот на Комората донесе Одлука за промена на висината на членарината за 2012 год. Притоа беше усвоена и Програмата за работа на Македонска Руска Стопанска Комора за 2012 година.

Повеќе...
 
Анализа на ИТАР-ТАСС Печати Е-пошта
Петок, 23 Декември 2011 08:35
РУСКО-МАКЕДОНСКАТА СОРАБОТКА РАСПОЛАГА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ

Постепениот развој во билатералните односи меѓу Руската Федерација (РФ) и Република Македонија (РМ) во повеќе правци беше една од главните карактеристики што ја одбележа 2011 година. Македонското раководство многу пати изразуваше увереност во тоа дека потенцијалот на руско-македонската меѓусебна соработка ќе продолжи да се реализира за доброто на народите на двете земји, наведува ИТАР-ТАСС во објавената анализа.  

Како што појасни амбасадорот на Русија вo Република Македонија Олег Николаевич Шчербак, трговско-економските врски меѓу двете земји претставуваат еден од најважните компоненти во билатералните односи во целина. 

- Во моментов, политичкото раководство и деловните кругови, како во Русија, така и во Македонија, се насочени кон сестран развој на токму такви врски меѓу двете земји, што се  потврдува и со динамичниот развој на трговските односи, додаде тој, објавува руската агенција ИТАР ТАСС.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 21