|
23.01.2010 09:54 |
Царински Закони на Руската ФедерацијаНови закони на изнесување на валута и хартија од вредност преку границата на РФ. Физички лица при преминување на границата на Русија треба да ги имаат следниве документи: - 1. Пасош (со виза)
- 2. Пополнета царинска декларација
Физички лица при преминување на границата на РФ може да внесуваат: - Предмети за лична употреба, тежина не повеќе од 50 килограми од вредност до 65.000 рубли, (околу 1 700 евра ).
- - Алкохолни пијалоци – 2 литра.
- - Тутунски производи – 50 пури, 200цигари, 0,25 кг тутун.
Ако се внесува по еден артикл од горенаведените производи е дозволено да се внесе: 100 пури, 400 цигари или 0,5 кг тутун. Ако се внесува повеке од претходно наведениот износ и тежина се наплатува царина 30% од вредноста, не помалку од 4 евра за килограм (за лица кои не живеат постојано во Руската Федерација). Место за царинската контрола кое е обележено со црвена боја преминува во случај, ако Вашиот багаж треба да се декларира, а имено:
- - ако износ на валута на РФ (рубли) во странство е поголем од 500 мин.плати на Русија;
- - повеке од 3 000 американски долари;
- - хартии од вредност;
- - скапоцени производи;
- - оружје и лесно запаливи предмети;
- - наркотици и психотропни материи;
- - уметнички слики, икони, монети, марки и др;
- - отровни и радиоактивни материи;
- - радиоприемници со фрекфенција повеке од 9 KHz;
- - материјали кои пропагираат фашизам, расизам, национална и религиозна омраза, порнографија;
- - стока наменета за производство или комерција;
Во случај ако производите не се наменети за продажба и производство и нивната вредност не е поголема од 10.000 американски долари може да се извезуваат без царина. Исто така треба да се знае дека изгубената декларација не се обновува.
|