| Финансиски Извештај 2008 |
|
|
| 23.01.2010 11:11 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Финансиски извештај
Краток осврт на финансирањето
Ве информираме за неколку основни податоци за работата на Комората во 2008 год.: Заклучно со 31.12.2008 год. Комората брои вкупно: 105 членови. Од кои 88 членки се активни, а 17 се пасивни членови за изминатата година. Во минатата година 8 фирми се откажале од членство.
Вкупно е фактуриран износ од: 1.628.000 денари, од кои се наплатени вкупно 1.420.600 денари.
На име членарина се фактурирани 882,200 денари, а наплатата изнесува 682.800 денари. Не се наплатени вкупно 199.400 денари, од нив и 36.800 денари од фирми кои го откажаа членството (Тенико, Нискоградба, Никекс, Астибо Фешн, Герас Цунев). Додека, сумата во висина од 24.800 денари е од компании кои пристапија, но не ја платија својата обврска. Преостанатиот ненаплатен износ 137.800 денари е во рок за наплата. Овие членови кои не ја платиле членарината се ставени во група на пасивни членови.
Во вкупно фактурираниот износ делот на фактурирана членарина изнесува 52 %, а пак услугите зафаќаат 48 % од фактурираната вредност. За споредба тој однос во 2007 година беше 45% членарина и 55% услуги, а пак во 2006 година тој однос беше 71% фактурирана членарина и 29% фактурирани услуги. Вкупно членарина платиле 68 фирми или 75% успешност на наплата во однос на фактурираната членарина. Комората нема неплатени финансиски обврски, односно сите трошоци кон партнери, институции и кон вработени се подмирени во целост.
Во 2008 година се очекува основните месечни потреби на комората да изнесуваат околу 85.000 денари. Врз основа на програмата се предвидува буџет од околу 1.845,000 денари. Во оваа година поголем дел од средствата се очекува да бидат обезбедени од членарина, но и процентот на средства добиени од услуги да продолжи да расте што конечно во 2009 значително ќе се почуствува. Согласно Статутот, Комората се финанасира од коморска членарина, донации, подароци, надомест за услуги кои ги извршува. Висината на членарината според член 11 ја утврдува мнозинството од членови на Собранието на комората.
Според член 16 од Законот за сметководство на непрофитните организации финансиската состојба на Македонско Руската Стопанска Комора -Скопје заклучно со 31.12.2007 год е следната
Добивката од финансиската година се пренесува во наредната година.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||












