ПРОГРАМА за работа на Македонска – Руска Стопанска Комора за 2006 година Вовед
Во Извештајот за работата на Македонско-Руската Стопанска Комора за 2005 година, фактогравски се регистрирани активностите во склад со програмата за таа намена. Во услови на лимитирани финансиски, кадровски и материјални можности за работа во годината на нејзиното основање, Комората се институционализира и ги промовира генералните насоки за нејзино делување за потребите на своите членки; Воспостави непосредни контакти на своите членки со соодветни партнери од Русија; Организира за своите членки посети на регионалните трговско-индустриски комори на Воронеж и Липецк; Со залагање и помош на Комората, потпишани се првите договори и започната е нивната реализација; Некои од членките непосредно комуницираат со своите партнери од Русија со што се потврдува функционалната смисла на Македонско-Руската Стопанска Комора. Во осмислувањето и димензионирањето на програмата за работа на Македонско- Руската Стопанска Комора за стопанска соработка за 2006 година, приоритетно место треба да имаат заложбите за понатамошно континуирано и систематско продлабочување на веќе создадените односи со руските партнери и истовремено вложување на додатни напори за изнаоѓање нови релевантни асоцијации и стопански субјекти, кои ќе можат да одговорат на интересите на нашите членки. Во таа насока соодветно внимание треба да се посвети на структурната производна застапеност на нашите членки во промовирањето и експанзијата на рускиот пазар – се има во вид градежништвото, текстилната, прехрамбената индустрија, туризмот и други стопанки гранки. Во функција на овие генерални насоки во работата на Комората, треба да се планира бројот, начинот на промовирањето и презентирањето на квалитативните и квантитативните производни капацитети на нашите членки, посетите на меѓународните изложби и сајмови во Русија, обемот на службените и групни патувања на наши претставници во Русија и обратно.
Димензионирањето на програмата за работа на Комората 2006 година, посебно нејзиното реализирање е оптеретено со лимитираните пред се финансиски можности на Комората, односно клучниот фактор за нејзино остварување, а тоа е финансирањето. Степенот на реализација на програмата ќе биде во директна зависност од степенот на наплата на чланарината од членките, еднократните компензации за комерцијални услуги и приходите по основ на спонзорства, донации и сл.
Македонско-Руската Стопанска Комора за стопанска соработка и во наредниот период, консеквентно ќе работи во склад со законските прописи на Република Македонија, ќе соработува на договорна основа со Стопанската Комора на Република Македонија, ќе ги спроведува во живот залучоците на Собранието на комората и почитува одлуките на Управниот одбор. Своите настапи и реализирање на работните задачи ќе ги сообрази со законските одредби, меѓународните станарди, условите и обичаите кои се применуваат на територијата на Руската Федерација.
Покрај секојдневните оперативно- технички и административни работи за свое функционирање и потребите на членките, Македонско- Руската Стопанска Комора за стопанска соработка предвидува:
1. Во првиот квартал на 2006 година; - континуирано следење и унапредување на деловните односи со регионалните комори и партнери на членките создадени во изминатата 2005 година; - формирање на грански сектори ( градежништво, металургија, опрема, текстил, агроиндустриски комплекс, туризам) и припрема на програми за работа за секој сектор посебно. Подготвените работни материјали, како предлози ќе ги достави на разгледување на Управниот одбор и верификација од страна на Собранието на комората; - работна посета на регионалните комори на Нижни Новгород и Белгород со цел изучување на условите за настап на нашите членки на пазарите на тие региони и потпишување на договори за соработка. - учество на меѓународните специјализирани изложби и саеми, со посебна програма за промовирање на македонски производи од областа на фармацевтската индустрија, текстилот и градежништвото. - организирање промоција на книгата “ Светот после 11 септември и нападите врз Ирак “ на Евгениј Примаков, Претседател на трговско- индустриската комора на Руската Федерација; - подготовка на плановите за реализација на програмите на одредени групации за вториот квартал во 2006 година. - промовирање на Мекедонско-Руската Стопанска Комора за стопанска соработка во општините на Република Македонија – према новото територијално разграничување ( Охрид, Прилеп, Струмица, Битола, Штип, Неготино);
2. Во вториот квартал на 2006 година; - одржување седница на Собранието на Македонско- Руската Комора за стопанска соработка на кое ќе се разгледа информацијата за работата на Комората во првиот квартал и евентуално корегирање, дополнување и измени во програмата, соодветни на актуелните или новосоздадените услови. - Одржување на бизнис форум во Скопје со учество на руски партнери, а во организација на Регионалната трговско-индустриска комора на Воронеж – што истовремено ќе значи враќање на посетата која ја остваривме во октомври 2005 година; - Организирање на посета и водење разговори за соработка со одредени партнери во организација на Московската трговско-индустриска комора со која имаме договор за соработка. Во посета ќе бидат вклучени претставници на нашите членки од секторот за храна и агро- индустрискиот комплекс, туризмот и текстилот; - истражување и припрема на анализи за што поголемо вклучување на македонското стопанство во руските системи – енергетика, металургија, туризмот, изведување на градежни работи во и надвор од територијата на Руската Федерација;
3. Во третиот кавартал на 2006 година; - организирање бизнис форум со промоција на македонските вина во Руската Федерација во соработка со Регионалната трговско-индустриска комора на Нижни Новгород или Белгород – зависно од подобрите услови во еден од овие два региона, кои ќе се констатираат во првиот и вториот квартал на оваа година; - одржување седница на Собранието на Македонско- Руската Стопанска Комора на која ќе треба да се разгледа и усвои извештајот за работата на комората во првото полугодие на 2006 година и извештајот за нејзиното финансиско работење – евентуална потреба за ребаланс на приходите и расходите. - организирање за членките на комората туристички престој во Русија во траење од десетина дена, кој предвидува подобро запознавање на економските, културите, традициите и обичаите во одредени региони на Руската Федерација. Туристичкото патување би се реализирало на реципрочна основа во – престој на туристички групи од Русија во Република Македонија;
4. Во четвртиот квартал на 2006 година; - селекција на конструктивните партнери од Руската Федерација, на кои треба да се посвети поголемо внимание за создавање услови за долгорочна и систематска соработка во интерес на двете страни. По изборот на перспективните руски партнери, посебно ќе биде припремена програма за продлабочување и проширување на соработката; - своите активности, Комората ќе ги фокусира на финансирањето на разговорите и договорите со испораки кои треба да бидат најобемни и да ги одразуваат резултатите од работата во првите три квартала; - на основа остварените резултати и позитивните искуства во соработката со руските партнери, Македонско- Руската комора за стопанска соработка ќе подготви програма за работа во 2007 година, која ќе се разликува од Програмата за 2006 година по нејзиното конкретизирање и детализирање на субјектите, стоките, формите и обемот на соработка; - Комората, како фактор за унапредувањето на Македонско- Руската стопанска соработка, треба да биде вклучена во владините тела од доменот на стопанската соработка со Руската Федерација и да избори прифаќање на сопствените ставови на база остварените резултати; - Во програмата за четвртиот квартал ќе бидат вклучени и активности, кои ќе произлезат од новите сознанија во работата со руските регионални комори и компании со кои ќе развиваме соработка.
Скопје, 18 јануари 2006 год.
|