|
|
| Сабота, 23 Јануари 2010 11:17 |
|
ПРОГРАМА за работа Анотации: Постојана презентација на комората пред стопанствениците и пополнување на регистар на фирми членки со потенцијални фирми - членки од Република Македонија (РМ) и Руската Федерација (РФ). рок: перманентно. носител: стручни служби на Комората и Управен Одбор Посета на фирми, со цел за зајакнување на меѓусебната соработка со комората. рок: перманентно носител: стручни служби Развој и унапредување на трговската и економската соработка во бизнисите помегу компаниите од Република Македонија (РМ) и Руската Федерација (РФ). рок: перманентно. Развој на инвестициите, меѓу фирмите на двете земји,со дирекни вложувања на сопствен капитал. рок: перманентно. Одржување на редовни контакти помеѓу бизнисот и владите во врска со Македонско-Руската трговија и бизнис како би се подобриле легислативите, во насока на упростување и зголемување на Рускиот бизнис-развој во Македонија заради воспоставување на добра бизнис-практика и етика. рок: перманентно. Организирање на настан со учество на претставници на Амбасадата на РФ, министерствата и бизнисмените каде би размениле мислење за присутните проблеми во практичното делување. рок: секои два месеца Информација за заинтересираноста на Руското стопанство за инвестирање во Р.Македонија. рок: перманентно носител: Руската амбасада - Аташе за економски прашања Прибирање и давање информации за организирање посети и учество на семинари, саеми, бизнис форуми и други случувања од областа на стопанството во двата правци. рок: по потреба. Учество на бизнисмени-членки на комората во државните делегации во двата правци. рок: по потреба носител: меѓувладина комисија за економска соработка. рок: перманентно. Подршка на програми и цели кои ги остваруваат здруженијата за македонско-руско пријателство, од областа на културно-спортски, едукативни, хуманитарни и друѓи активности рок: перманентно. Вовед Во осмислувањето и димензионирањето на програмата за работа на Македонско- Руската Стопанска Комора за стопанска соработка за 2007 година, приоритетно место треба да имаат заложбите за понатамошно континуирано и систематско продлабочување на веќе создадените односи со руските партнери и истовремено вложување на додатни напори за изнаоѓање нови релевантни асоцијации и стопански субјекти, кои ќе можат да одговорат на интересите на нашите членки. Во таа насока соодветно внимание треба да се посвети на структурната производна застапеност на нашите членки во промовирањето и експанзијата на рускиот пазар – се има во вид градежништвото, текстилната, прехрамбената индустрија, туризмот и други стопанки гранки. Во функција на овие генерални насоки во работата на Комората, треба да се планира бројот, начинот на промовирањето и презентирањето на квалитативните и квантитативните производни капацитети на нашите членки, посетите на меѓународните изложби и сајмови во Русија, обемот на службените и групни патувања на наши претставници во Русија и обратно. Македонско-Руската Стопанска Комора во наредниот период, консеквентно ќе работи во склад со законските прописи на Република Македонија, ќе соработува на договорна основа со надлежните министерставата при Владата на РМ, стопанските комори во Македонија, ќе ги спроведува во живот заклучоците на Собранието на Комората и почитува одлуките на Управниот одбор. Своите настапи и реализирање на работните задачи ќе ги сообрази со законските одредби, меѓународните станарди, условите и обичаите кои се применуваат на територијата на Руската Федерација. Покрај секојдневните оперативно- технички и административни работи за свое функционирање и потребите на членките, Македонско- Руската Стопанска Комора предвидува: Во првиот квартал на 2007 година;
Во третиот кавартал на 2007 година;
|












