ПРОГРАМА за работа на Македонско – Руската Стопанска Комора за 2008 година Анотации:
Постојана презентација на комората пред стопанствениците и пополнување на регистар на фирми членки со потенцијални фирми - членки од Република Македонија (РМ) и Руската Федерација (РФ). рок: перманентно. носител: стручни служби на Комората и Управен Одбор
Посета на фирми, со цел за зајакнување на меѓусебната соработка со комората. рок: перманентно носител: стручни служби
Развој и унапредување на трговската и економската соработка во бизнисите помегу компаниите од Република Македонија (РМ) и Руската Федерација (РФ). рок: перманентно.
Развој на инвестициите, меѓу фирмите на двете земји,со дирекни вложувања на сопствен капитал. рок: перманентно.
Одржување на редовни контакти помеѓу бизнисот и владите во врска со Македонско-Руската трговска размена како би се подобриле легислативите, во насока на упростување и зголемување на Рускиот економски интерес во Македонија заради воспоставување на добра бизнис-практика и етика. рок: перманентно.
Организирање на настан со учество на претставници на Амбасадата на РФ, министерствата и бизнисмените каде би размениле мислење за присутните проблеми во практичното делување. рок: секои два месеца
Информација за заинтересираноста на Руското стопанство за инвестирање во Р.Македонија. рок: перманентно носител: Руската амбасада - Аташе за економски прашања
Прибирање и давање информации за организирање посети и учество на семинари, саеми, бизнис форуми и други случувања од областа на стопанството во двата правци. рок: по потреба.
Учество на бизнисмени-членки на комората во државните делегации во двата правци. рок: по потреба носител: меѓувладина комисија за економска соработка. рок: перманентно.
Подршка на програми и цели кои ги остваруваат здруженијата за македонско-руско пријателство, од областа на културно-спортски, едукативни, хуманитарни и друѓи активности рок: перманентно.
Вовед
За правилно подготвување но и димензионирање на програмата за работа на Македонско- Руската Стопанска Комора за 2008 година, приоритетно место треба да имаат континуираниот процес за понатамошно систематско продлабочување на веќе создадените односи со руските партнери и истовремено вложување на додатни напори за изнаоѓање нови релевантни асоцијации и стопански субјекти, кои ќе можат да одговорат на интересите на нашите членки. Во таа насока соодветно внимание треба да се посвети на структурната производна застапеност на нашите членки во промовирањето и експанзијата на рускиот пазар – се има во вид градежништвото, текстилната, прехрамбената индустрија, туризмот и други стопанки гранки. Во функција на овие генерални насоки во работата на Комората, треба да се планира бројот, начинот на промовирањето и презентирањето на квалитативните и квантитативните производни капацитети на нашите членки, посетите на меѓународните изложби и саеми во Русија, обемот на службените и групни патувања на наши претставници во Русија и обратно.
Македонско-Руската Стопанска Комора во наредниот период, консеквентно ќе работи во склад со законските прописи на Република Македонија, ќе соработува на договорна основа со надлежните министерставата при Владата на РМ, стопанските комори во Македонија, ќе ги спроведува во живот заклучоците на Собранието на Комората и почитува одлуките на Управниот одбор. Своите настапи и реализирање на работните задачи ќе ги сообрази со законските одредби, меѓународните станарди, условите и обичаите кои се применуваат на територијата на Руската Федерација.
Покрај секојдневните оперативно- технички и административни работи за свое функционирање и потребите на членките, Македонско- Руската Стопанска Комора предвидува: Во првиот квартал на 2008 година;
учество на меѓународните специјализирани изложби и саеми, со посебна програма за промовирање на македонски производи од областа на текстилот, прехраната и градежништвото.
организација на учество на саем на македонските компании од текстилната индустрија
промовирање на Мекедонско-Руската Стопанска Комора општините на Република Македонија
организирање на јавна трибина со тема посветена на македонско руските економски односи
посета на компании членки на коморите во соработка со амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија
подготовка на плановите за реализација на програмите на одредени групации за вториот квартал во 2008 година.
одржување седница на Собранието на Македонско- Руската Стопанска Комора на кое ќе се разгледа информацијата за работата на Комората во изминатата 2007 год. како и работата во првиот квартал и евентуално корегирање, дополнување и измени во програмата, соодветни на актуелните или новосоздадените услови.
Во вториот квартал на 2008 година;
подготовка на бизнис форум во Краснодарскиот регион согласно договорот со Стопанската комора на Сочи
Учество во работата на работната група за трговско-економска соработка при меѓувладина комисија со цел истражување и припрема на анализи за што поголемо вклучување на македонското стопанство во руските системи – енергетика, металургија, туризмот, изведување на градежни работи во и надвор од територијата на Руската Федерација; Како и реализација на проектот за промоција на македонија во руските региони кои го подготви Комората во соработка со Министерството за економија.
Маркетинг промоција на македонското стопанство преку руски медиуми
Посета на македонски компании на средби во организација на комората во соработка со партнерските руски комори врз основа потпишаните спогодби Во третиот кавартал на 2008 година;
Одржување на бизнис форум во неколку градови во Македонија согласно програмата за посета и учество на руски партнери,
организирање за членките на комората туристички престој во Русија во траење од десетина дена, кој предвидува подобро запознавање на економските, културите, традициите и обичаите во одредени региони на Руската Федерација. Туристичкото патување би се реализирало на реципрочна основа во – престој на туристички групи од Русија во Република Македонија;
Во четвртиот квартал на 2008 година;
селекција на конструктивните партнери од Руската Федерација, на кои треба да се посвети поголемо внимание за создавање услови за долгорочна и систематска соработка во интерес на двете страни. По изборот на перспективните руски партнери, посебно ќе биде припремена програма за продлабочување и проширување на соработката;
на основа остварените резултати и позитивните искуства во соработката со руските партнери, Македонско- Руската комора за стопанска соработка ќе подготви програма за работа во 2009 година, која ќе се разликува од Програмата за 2008 година по нејзиното конкретизирање и детализирање на субјектите, стоките, формите и обемот на соработка;
Комората, како фактор за унапредувањето на Македонско- Руската стопанска соработка, треба да биде вклучена во владините тела од доменот на стопанската соработка со Руската Федерација и да избори прифаќање на сопствените ставови на база остварените резултати;
Во програмата за четвртиот квартал ќе бидат вклучени и активности, кои ќе произлезат од новите сознанија во работата со руските регионални комори и компании со кои ќе развиваме соработка.
Скопје, 25 Декември 2007 год.
|