Печать E-mail
Врз основа на член 11 од Законот за Стопанските Комори на Р. Македонија (Сл. Весник на РМ од 54/02) членовите-основачи на бизнис асоцијацијата МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА, на основачкото собрание одржано на ден 19.12.2006 година го донесоа следниот 
 
 
                                          

СТАТУТ

НА МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА
 
 
 
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
 
 
Член 1
 
Со овој Статут, согласно одредбите од Законот за Стопански Комори, се уредуваат:

-  името и седиштето на Комората;
-  цели и задачи на Комората, облици и начин на дејствување;
-  органи, начин и избор на надлежности;
-  траење и мандат на органите и начинот на одлучување на членовите;
-  начинот на управување и одлучување во Комората;
-  содржина и облици на остварувањето на соработка со други комори;
-  остварување на јавност во работата;
-  начин на обезбедување на средствата за работа на Комората;
-  положба и задачи на стручните служби;
-  постапување со имотот на Комората.
 
                                                                   
Член 2
 
МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА е независна и самостојна организација со својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за Стопанските Комори и со овој Статут. Својството  на  правно  лице  Комората го стекнува со  денот на упис во соодветниот регистар.
Комората за своите обврски одговара со целиот свој имот.
                    
 
Член 3
 
МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА се основа со цел да се
зголемат и да се развијат бизнис активностите на нејзините членови во сферата на
нивното делување и да се зголемат и подобрат нивните резултати.
 
 
 
2. НАЗИВ И СЕДИШТЕ 
                          
Член 4
 
Целосниот назив на Комората гласи:
МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА
                
Седиштето на Комората се наоѓа на ул. Димитрие Чупоски бр. 13 - Скопје
  
Член 5
Комората има свој печат и штембил. Печатот на Заедницата е со тркалезна
форма во кој е впишан назив на Комората.
 
 
3. ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И ДЕЛУВАЊЕ НА КОМОРАТА 
 
Член 6
 
МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА  КОМОРА се организира и работи заради ефикасно стопанисување во пазарни услови, успешно вклучување на македонскиот и рускиот пазар како и поттикнување на развој на претприемништвото
кај нејзините членови , со цел за подобрување на резултатите на работењето и
организираноста на членовите на Заедницата.
-Понатамошен развој на взаемната соработка во бизнисите помеѓу             
Република Македонија и Руската Федерација.
-Унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка и     
развојот  помеѓу двете држави.
-Да се остварат и одржуваат контактите помеѓу бизнисот и државните органи
во врска со македонско-руската трговија и бизнис
-Да се подобри легислативата во насока на упростување и зголемување на
рускиот бизнис-развој во Македонија заради востановување на добра бизнис-практика
и етика и да биде форум за размена на идеи помеѓу бизнисите кои делуваат во Р.
Македонија и Руската Федерација.
-Да се развие либералната трговија во Македонија и понатамошното нејзино
интегрирање  во глобалната трговија.
 
 
4. ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ 
 
Член 7
 
МАКЕДОНСКО-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА е основана на неодредено време.
 
 
 

 
5. НАЧИН НА УПРАВУВАЊЕ И ОДЛУЧУВАЊЕ

  
Член 8
 
Органи на управување и раководење се:
А.  Собрание  
Б.  Управен Одбор 
В. Надзорен Одбор 
Г. Претседател и
Д. Извршен Директор. 
 
А)  СОБРАНИЕ 
 
Член 9
 
Собранието на Комората е највисок орган на комората кој го сочинуваат сите
членови на комората.
Секој член има право на еден глас при гласањето во Собранието. 
Ниту еден член нема да има право на глас доколку не ги намирил во целост
своите обврски кон Комората.
Членовите кои не се во можност да присуствуваат на Собранието на
Заедницата може да овластат лице  кое ќе ги претставува на седниците на
Собранието.
Правните лица како членови ќе именуваат и регистрираат кај Комората лице
кое е овластено да ги претставува на Собранието како застапник. 
Членовите кои се правни лица исто така може да овластат и регистрираат
лице како заменик застапник. Обајцата, застапникот и заменикот може да
присуствуваат на Собранието, но само еден од нив може да го користи правото на глас
на лицето кое ги именувало како застапник и/или заменик застапник.
Физичките лица како членови, исто така можат да овластат едно лице да ги
застапува на Собранието.
 
 
Член 10
 
Собранието се свикува еднаш годишно, а може и по потреба кога тоа го бараат
интересите на членовите.
Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Комората кој воедно е
и Претседател на Собранието во договор со Извршниот директор и тоа годишно во
периодот од 1.04- 30.05.
             
Член 11
 
Собранието може  полноправно да работи ако на седницата присуствуваат
повеке од половина (50%+1) од членовите.
Одлуките на Собранието се сметаат за  усвоени со просто мнозинство на
присутните членови.
Претседателот на Собранието ке има одлучувачки глас во случај на
изедначеност при гласањето.

            Освен кога се одлучува за измена на Статутот, финансискиот план  за
утврдувањето на висината и начинот на плаќање на чланарината тогаш е потребно
мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието.
              Претседателот на Собранието ке ги информира  по пошта сите членови на
Собранието дваесетиеден ден (21) однапред за времето на одржување на Собранието,
местото и  дневниот ред.
              Собранието на седница може да расправа и за предмети кои не биле ставени
на дневен ред, но без право на одлучување.
                                                                  
Член 12
 
Собранието ги има следните надлежности: 
    
1.  Го днесува Статутот на Комората и врши измена и дополнување на истот.
2.  Ја донесува годишната Програма за работа на Комората.
3.  Избира и разрешува органи на Комората
4.  Ја утврдува основицата и стапката на членскиот придонес, финансискиот план и
завршната сметка.
5.  Го донесува Деловникот за работа на Собранието.
6.  Разгледува и утврдува ставови и значајни прашања на развојната и тековната
економска состојба во стопанството.
7.  Одлучува за промена на фирмата и седиштето.
8.  Одобрува прием на нови членови.
9.  Одлучува за формирање облици на организирање  и  работење на Комората и
дава мислење за формирање на посебни организациони облици (комисии,
претставништва во одредени рагиони и сл.)
10.  Ги одобрува актите, нивните измени и дополнувања.
11. Одлучува за престанок или продолжување на траењето на Комората.
 
Член 13
 
Ако на Собранието не се обезбеди присуство на членовите утвредено во
член 11 од овој Договор, за време што не е подолго од 10 дена се свикува повторно
Собрание, кое може да одлучува по прашањата утврдени во дневниот ред за
првото свикување без оглед на пруситните претставници, во тој случај одлуките и
заклучоците се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови.
 
Б. УПРАВЕН ОДБОР
 
Член 14
 
Управниот одбор има 11 члена. 
Членовите на управниот одбор ги избира Собранието на Комората од своите
редови. Управниот Одбор, од редовите на своите членови именува Извршен
Директор . 
Членовите на Управниот Одбор и Извршниот Директор на Комората се
избираат за 4 години со неограничено право на реизбор.
Собранието може да разреши член на Управниот Одбор и пред истекот на
неговиот мандат, а по предлог на членовите на Надзорниот Одбор, по барање на
извршниот директор или по барање на најмалу 20% од вкупниот број на членовите
на Собранието.

 
Член 15
 
Со состаноците на Управниот Одбор претседава Извршниот Директор, кој
воедно е одговорен за водењето на записникот од состаноците и за организацијата
на други форми преку коишто управниот одбор работи и одлучува.
Ако Извршниот Директор од кои било причини не е во можност да претседава,
со состанокот на Управниот одбор претседава Претседателот на Комората. 
              
 
Член 16
 
Управниот одбор, одлучува за сите  прашања од негова надлежност, 
определени со Законот и овој Статут.
Управниот одбор може полноправно да работи ако на седницата присуствуваат
повеке од половина од членовите на одборот.
Управниот Одбор ги донесува одлуките со просто мнозинство од присутните
членови.
 
Член 17
 
 Управниот Одбор:
 
- ги подготвува седниците на Собранието на Комората;
- ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието;
- донесува одлуки во врска со спроведувањето на програмата за работа,
финансискиот план и другите акти на Собранието на Комората;
- дава иницијативи и зазема ставови за донесување закони и други прописи и акти
кои се од интерес на Комората;
- врши контрола на благовременото плаќање на чланарината и информирањето
во случај на евентуални доцнења со уплатите;
- донесува одлуки врз основа на Статутот на Комората и
- врши други работи утврдени со Закон и Статутот.
 
 
В. НАДЗОРЕН ОДБОР
 
Член 18
 
Надзорниот Одбор врши надзор брз законитоста, материјално- финансиското
работење и правилноста во работењето на Комората.
 
Член 19
 
Надзорниот Одбор има 3 члена. 
Членовите на Надзорниот Одбор ги избира Собранието на Комората од своите
редови. 
Членовите на Надзорниот Одбор се избираат за 4 години со неограничено
право на реизбор.

Собранието може да разреши член на Надзорниот Одбор и пред истекот на
неговиот мандат, а по барање на најмалу 20% од вкупниот број на членовите на
Собранието.
Надзорниот Одбор, за својата работа доставува извештаи до Собранието на
Комората и тоа на крајот на секоја деловна година.
 
Член 20
 
Надзорниот Одбор врши надзор врз управувањето со Комората што го врши
Управниот Одбор.
Надзорниот Одбор може да врши  увид и да ги проверува книгите и
документите на Комората, како и имотот, особено благајната на Комората. 
На надзорниот одбор не можат да му бидат пренесени овластувања во врска
со управувањето на Комората. 
 
 
Надзорниот Одбор одржува состанок ако  тоа го налага извршувањето на
работите во рамките на неговите надлежности. 
Надзорниот одбор, во текот на годината, задолжително одржува најмалку
четири редовни состаноци и тоа на секои три месеци, при што еден од нив мора
задолжително да се одржи во рок од еден месец пред одржувањето на годишното
собрание.
Секој член на Надзорниот Одбор или на Управниот Одбор, со барање
поднесено во писмена форма, може со наведување на причините и целта, да бара
од членовите на Надзорниот Одбор да свикаат состанок. Состанокот мора да се
одржи во рок од 15 дена од денот кога е поднесено барањето.
 
 
Г. ПРЕТСЕДАТЕЛ
 
Член 21
 
Претседателот го избира Собранието на Комората од редот на своите членови,
со мандат од 4 години и право на неограничен реизбор. 
Собранието може да го разреши Претседателот на Комората и пред истекот на
неговиот мандат, а по барање на најмалку 50%+1 од вкупниот број на членовите на
Собранието.
 
Член 22
 
Претседателот на Комората, самостојно раководи со работата на Комората, а
заедно со Извршниот Директор, ја застапуваат Комората пред домашните и
странските институции, ги извршува одлуките и заклучоците на другите органи,
раководи со сметката на Комората.
 
 

6. СТРУЧНИ СЛУЖБИ- положба и задачи 

          
А.  ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
 
Член 23
 
Извршниот Директор го избира Управниот Одбор од редот на своите членови,
со мандат од 4 години и право на неограничен реизбор. 
Управниот Одбор може да разреши Извршниот Директор и пред истекот на
неговиот мандат, а по предлог на најмалку 7 члена на Управниот Одбор или по
барање на најмалку 50%+1 од вкупниот број на членовите на Собранието.
Извршниот Директор:
-  претседава со состаноците на Управниот Одбор, и воедно е одговорен за
водењето на записникот од состаноците и за организацијата на други
форми преку коишто управниот одбор работи и одлучува.
-  заедно со Претседателот на Комората ја представуваат Комората пред
домашните и странските институции;
-  ги извршува одлуките и заклучоците на другите органи;
-  заедно со Претседателот на Комората раководи со сметката на
Комората;
-  предлага програма и се грижи за нејзино извршување.
 
 
Б. СЕКРЕТАР- БЛАГАЈНИК
 
Член 24
 
        Секретарот-благајник го избира Управниот Одбор на објавен јавен конкурс, или
од своите членови.
Секретарот-благајник:
-  ја сноси крајната одговорност за парите собрани или примени за работа;
-  води коректно законско сметководство или да овласти некого да го
работи тоа
-   поднесува полугодишни финансиски извештаи на Собранието на
комората;
-  врши други работи утврдени со овој Статут и актите на органите на
Комората
  Секретарот- благајник се избира со мандат од 4 години со неограничено право
на реизбор, а може да биде разрешен и пред истекот на неговиот мандат, со Одлука
на Управниот Одбор донесена во постапката идентична со постапката за негово
именување. 
 
 
 
В. КОМИСИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО
 
Член 25
 
Комисијата за членство има 7 члена кои ги избира Собранието на Комората од
своите редови.
Мандатот на членовите на Комисијата за членство е 4 години со неограничено
право на реизбор.
Комисијата за членство работи и одлучува на седници кои се свикуваат
секогаш кога има потреба од одлучување по барање за членство во комората.
Седниците на Комисијата за членство ги свикува Претседателот на Комората кој на
членовите на Комисијата им доставува писмено известување, кон кое
задолжително ги приложува и барањата за членство за кои Комисијата треба да
одлучува на седницата.
Комисијата за членство ги донесува Критериумите за прием во членство во рок
од 6 месеци од денот на формирање на Комисијата, 
По барањата за членство, Комисијата е должна да донесе Одлука со која го
прифаќа или отфрла барањето за членство најдоцна во рок од 20 дена од денот на
поднесување на барањето.
         При донесувањето на одлука, Комисијата за членство го применува принципот
на дискреција, односно не е должна да  ја образложи донесената одлука, без
разлика дали се работи за прифаќање или отфрање на конкретената молба.
.        
 
7. ОВЛАСТУВАЊЕ, ЗАСТАПУВАЊЕ И ОДГОВОРНОСТ
 
  
Член 26
 
Во односите спрема трети лица  Комората настапува преку Извршниот
Директор и Претседателот на комората, кои можат да превземаат права и обврски
во правниот промет во рамките на предметот на работењето.
         Комората има целосно право за легални трансакции со трети лица и одговара
за сите обврски со сиот свој имот.
          
 
8. СОРАБОТКА СО ДРУГИ КОМОРИ
 
Член 27
 
Во рамките на своите активности утврдени со овој Статут и Закон,
комората може да соработува со стопанските комори на други држави, меѓународни
стопански организации, како и со органи и други институции на Република
Македонија.
 
 
9.ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

 
Член 28
 
Работата на комората е јавна.
Јавноста на работата на комората се обезбедува особено преку:
-  постојано информирање на членството за работата на комората;
-  објавување на одлуките на органите на комората на начин што писмено
ги известува своите членки или со објава во гласило на комората
издавање на брошури, списанија и слично и
-  други облици утврдени во овој статут или со акт на органите на
комората.
 
 
 
10. ЧЛЕНСТВО ВО КОМОРАТА- пристапување, повлекување и
исклучување
                                         
 
Член 29
 
Во Комората се зачленуваат правни и  физички лица со седиште во Република
Македонија, кои вршат дејност, односно се запишани во соодветен регистар, а врз
основа на дејноста која ја вршат, а се деловно поврзани со Руската федерација или
пак имаат руско учество во капиталниот удел., како и секое друго лице и
организација кои ги исполнуваат сите услови според Критериумите за членство
донесена од страна на Комисијата за членство.
 
Член 30
 
Приемот на нови членови го врши Комисијата за членство, а го потврдува
Собранието на Комората.
За да бидат примени и да станат членови, сите членови мора да бидат во
добра финансиска состојба и да бидат прифатливи за Комората. 
         Кандидатите за прием во членство во Комората ги доставуваат своите барања
до Комсијата за членство.
Комисијата за членство на нејзиниот следен состанок со писмена Одлука ги
прифаќа или отфрла барањата за членство.
         При прием на нови членови, Комисијата за членство го применува принципот на
дискреција, односно не е должна да ја образложи донесената одлука, без разлика
дали се работи за прифаќање или отфрање на конкретената молба.
         Комисијата за членство ги испраќа сите прифатени барања за членство до
Собранието на одобрување.
         Собранието одлучува за одобрувањето на прифатените барања за членство на
наредната свикана седница. 
         Собранието со писмена Одлука ќе го потврди или отфрли приемот. Одлуката
на Собранието за прием на нови членови е конечна.
За членство се добива Сертификат за членство и членска карта.

При прием на нови членови во Комората, Извршниот Директор им испраќа и
фактура со годишна чланарина која мора да се плати во рок од 30 (триесет) дена од
приемот на фактурата.
 
Член 31
 
Комората може да има почесни членови кои ќе и носат престиж и нема да
имаат избирачко својство поради нивниот почесен статус. 
За доделување на статус “почесен член” одлучува Собранието.
Како почесни членови  ке бидат: 
 
- Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија.
- Економскиот советник на Руската Федерација во Македонија.
- Членови на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
 
Член 32
 
Собранието може да врши прием  на непрофитни организации или други
членови и да им дозволи да плаќаат најниска чланарина.
         Собаранието има право да одредува статус на   непрофитен   според овој
член, земајќи ја во предвид регистрацијата на некоја организација како таква.
 
Член 33
                        
Член на Комората може да се откаже од членството во било кое време, под
единствен услов, да ги исполнил сите обврски кои произлегуваат од неговиот статус
на членка на Комората, а врз основа на овој Статут, Законот и други акти донесени
од страна на органите на Комората.
За својата намера за истапување Членовите можат да се откажат од
понатамошно членство во МАКЕДОНСКО-РУСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА со
писмени известување до Извршниот директор, и тоа мора да го сторат барем еден
месец пред плаќањето на годишнита обврска, во спротивно ке се сметаат обврзани
да ги платат и за следната година.  
 
Член 34
 
Член на Комората може да биде исклучен од членство во Комората доколку:
-  ги повреди правата на останатите членови,
-  не ги исполнува своите обврски како член на Комората, 
-  се однесува непримерно и недолично или неговото понатамошно
членување се смета за штетно за угледот на Комората и 
-  доколку ја нема платено членарината повеќе од 6 месеци ( чланарината
ќе се плаќа годишно).
-  За Исклучување на член од Комората одлучува Судот на честа како
независен орган, на начин и во постапка утврдена со член 39 од
Статутот.
 
 
11. РАБОТА НА КОМОРАТА

 
Член 35
                    
МАКЕДОНСКО-РУСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА согласно Законот и врз
основа на овој Статут ги врши следните работи:
 
-  развој на пазарното стопанство, слободното претприемништво и
поттикнувањето на конкуренцијата;
-  подобрување на ефикасноса на работењето на членовите и нивната
организираност, како и оспособување на кадрите;
-  давање стручна помош на нивните членови во развојот на одделни
дејности, усвојување и воведување на современи технологии и методи на
работење;
-  поттикнување и координирање на  истражувањата и развојот на
техничко- технолошките достигнувања;
-  обезбедување на квалитетна и ефикасна стручна помош и деловни
услуги за членовите;
-  воспоставување и развој на стопанската соработка со странство, со
посебна насоченост кон промоција на стоките и услугите, економската
пропаганда, организирање на саеми, учество во развивањето на
надворешно- трговските работи и соработка со коморите на други
држави; 
-  забрзување на развојот на малото стопанство;
-  организирање на стручнооспособување, преквалификација,
доквалификација на стручни кадри;
-  развивање на единствен информациски систем и деловно информирање
за значајни податоци од домашната и светската економија за развојни
проекти, актуелни специјализирани информации од кредитно-
монетарната, даночната, царинската политика и пазарот, технологијата
и за извозните и увозните можности;
-  застапување на интересите на жленовите пред државните органи,
посебно во подготвување на законодавството од областа на
стопанството, мерките и механизмите на стопанскиот систем и
економската политика и утврдување на макроекономската и развојна
политика и информирање за подготовките и промените на законите и
други процеси од областа на стопанството;
-  склучување и следење на колективните договори;
-  давање мислења за областа за која е основана и
-  вршење и други работи од интерес на членовите на Комората.
 
Член 36
 
Статутот е основен акт за дејствување на Комората, вклучувајќи го и
економското работење.
Во односите спрема трети лица Заедницата настапува преку Извршниот
Директор, и тој може да превзема права и обврски во правниот промет во рамките
на предметот на работењето.
Секретарот-благајник е задолжен за економско- финансиското работење на
Комората. 

Контрола над трошењето на средствата на Комората врши Надзорниот Одбор
и независно ревизорско друштво. 
         Останатите прашања од економските односи ке се регулираат со посебни акти.
         
Член 37
                                            
Комората донесува едногодишна програма за работа.
Програмата за работа ја предлага Извршниот Директор, а ја донесува
Собранието.
 
Член 38
 
Средства за работа ке се обезбедуваат од:
-  Членарина на членовите
-  Посебен придонес што членовите го обезбедуваат заради остварување
на посебен интерес;
-  Наплата од извршени услуги и
-  Други извори.
 
Висината на членарината и надоместоците кои ги плаќаат членовите на
Комората утврдени со став 1 од овој член, како и начинот на плаќање на истите ги
утврдува Собранието на Комората.
 
 
12. СУД НА ЧЕСТА
  
Член 39
 
Судот на честа преставува независен орган на Комората. 
Судот на честа има 5 члена избрани од редовите на угледните членови на
Комората. Самите членови на Судот од своите редови избираат еден Претседател и
еден Заменик на Претседателот.
Мандатот на членовите на Судот на честа за членство е 4 години со
неограничено право на реизбор.
Судот на честа:
-  одлучува за исклучување од членство во Комората;
-  се грижи за развивање, остварување и зајакнување на добрите деловни
обичаи и деловниот морал; 
-  одлучува за повреда на добрите  деловни обичаи, неизвршување на
обврските на членовите на Комората;
-  одлучува за други повреди на актите на Комората.
 
 Судот на честа работи и одлучува на седници кои се свикуваат секогаш кога
има потреба од одлучување по прашањата од надлежност на Судот на честа. Судот
на честа е должен во рок од 6 месеци од денот на конституирање да донесе
Деловник за работење со кој ќе го уреди начинот на работење. 
 
 
 
 

Седниците ги свикува и води Претседателот на Судот на честа, а во негово
отсуство Заменикот на Претседателот, а по претставка поднесена од страна на 
 
-  најмалку 10% од вкупниот број на членови на Собранието на Комората,
-  по предлог на Надзорниот Одбор, 
-  по предлог на најмалку тројца членови на Управниот Одбор 
-  по предлог на Претседателот на Комората или
-  по предлог на Извршниот Директор на Комората.  
 
Одлуките од своја надлежност Судот на честа ги донесува со просто
мнозинство, освен ако не е поинаку определено со овој Статут или друг акт на орган
на Комората.
Членовите на Судот на честа ги избира и разрешува Собранието на Комората
 
со двотретинско мнозинство.
 
 
13. ИНФОРМИРАЊЕ И ДЕЛОВНА ТАЈНА  

                    
Член 40
 
Како деловна тајна се сметаат исправите и податоците од работењето  кои се
определени со Статутот, со Закон и други прописи кои се прогласени за деловна
тајна. Тие се определуваат со одлука на Извршниот Директор на Комората.
Неовластено соопштување на деловна тајна представува тешка повреда на
работната должност.
                                                        
Член 41
 
Исправите и податоците што се сметаат као деловна тајна се чуваат одвоено
од другите исправи и податоци.
Тие мора да бидат означени со зборовите  деловна тајна .
Должноста за чување на деловна тајна трае 2(две) години по престанувањето
на работниот однос на работникот.
 
 
14. ИЗМЕНА НА СТАТУТОТ
 
Член 42
 
Статутот на Комората се менува  и дополнува со одлука на Собранието
донесена со двотретинско мнозинство.
Иницијатива за измена и дополнување на Статутот можат да поднесат:
 
1.  Претседателот на Комората;
2.  Извршниот Директор на Комората;
3.  Членовите на Собранието со иницијатива од една четвртина (1/4) од сите
членови. 
Иницијативата се поднесува писмено до Претседателот на Комората кој
понатаму ги известува членовите на останатите органи на Комората. 
Во иницијативата, предлагачот е должен да даде образложение за потребата
од измена и дополнување.

 
15. ПРЕСТАНОК 
 
Член 43
 
Комората може да престане поради: 
 
1.  Одлука на Собранието на Комората донесена со двотретинско
мнозинство;
2.  остварување или гаснењето на нејзиниот предмет на работење;
3.  врз основа на надлежен орган
4.  други случаи предвидени со закон.
Доколку некој од членовите на Комората паднал под стечај, Комората
продолжува да работи.                                                                         
 
Член 44
 
Престанокот на Комората повлекува нејзина ликвидација.
Правниот субјективитет на Комората останува за потребите на ликвидацијата.
Собранието на Комората именува ликвидатор.
По престанокот на работата на Комората, имотот и средствата што остануваат
по намирувањето на обврските, пропорцијално според учеството во чланарината
која ја плаќаат членовите на Комората утврдена со овој Статут и други акти на
Комората. 
 
 
16. ПРЕОДНИ И  ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
 
Член 45
 
Се што не е регулирано со овој Статут, ке се применуваат Законот за
Стопанските Комори (Службен Весник на Република Македонија бр. 54/02 од 4 јули
2002 година) како и сите негови измени и дополненија.
 
Член 46
 
Комората стекнува својство на правно лице со денот на уписот во регистерот
на други правни лица што го води Централниот Регистар на Република Македонија.
 
 
 
 
                                                                              Претседател на Комората
 
                                                                       -------------------------------------------------