Печать E-mail

Врз основа на членовите 9 став 2, 28,29 и 30, од Статутот за зачленување и одлуката на собранието на Македонска-Руска Стопанска Комора –  Скопје од 19.12.2006 год. го донесе следниот:

 

ЦЕНОВНИК

за годишна членарина
(важи за период од една година од денот на зачленување)

 

 1ГОЛЕМИ ДРУШТВА (ад, банки, државни претпријатија...)
22.000 денари
 2 СРЕДНИ ДРУШТВА
 12 000 денари
 3 МАЛИ ДРУШТВА 6 200 денари
 4 ФИЗИЧКИ ЛИЦА 3 100 денари


 Член 15.
Собранието на Комората е највисок орган на комората кој го сочинуваат сите членови на комората.
Секој член има право на еден глас при
гласањето во Собранието.
Ниту еден член нема да има право на глас
доколку не ги намирил во целост своите
обврски кон Комората.


VII   ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА КОМОРАТА

Член 28.
Работата на комората е јавна.
Јавноста на работата на комората се
безбедува особено преку:
постојано информирање на членството за
работата на комората;
објавување на одлуките на органите на комората на
начин што писмено ги известува своите членки
или со објава во гласило на комората
издавање на брошури, списанија и слично и
други облици утврдени во овој статут или со акт на
органите на комората.



Член 29.
Во Комората се зачленуваат правни и физички лица
со седиште во Република Македонија,
кои вршат дејност, односно се запишани
во соодветен регистар, а врз основа на
дејноста која ја вршат, а се деловно поврзани со
Руската федерација или пак имаат руско учество во
капиталниот удел., како и секое друго лице и
организација кои ги исполнуваат сите услови
според Критериумите за членство донесена од страна
на Комисијата за членство.
 
Член 30.
При прием на нови членови, Комисијата за членство го именува принципот на дискреција, Односно не е должна да ја образложи донесената одлука, без разлика дали се работи за прифаќање или отфрање на конкретената молба.


X    СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА КОМОРАТА
 

Член 38.

Средствата за работа на Комората се обезбедуваат од:
-   членарина;
- посебен наменски додаток што членовите го обезбедуваат заради остварување на посебен интерес;
-    наплата од извршени услуги и
-    други извори.
Основицата за пресметување, висината на членарината, начинот и роковите за нејзиното плаќање ги увидува Собранието на Комората.
Висината на наплатата за извршените услуги на Комората во вршењето на јавни овластувања ја утврдува Собранието на Комората во согласност со Владата на Република Македонија.
Контролата врз наплатата на чланарината ја врши надзорниот одбор, а надзорот на трошењето на средствата, покрај надзорниот одбор на Комората го врши и независно ревизорско друштво.