Финансиски Извештај 2009 Печати Е-пошта
Понеделник, 01 Март 2010 20:17

Финансиски извештај


 
Краток осврт на финансирањето


Ве информираме за неколку основни податоци за работата на Комората во 2008 год.:

Заклучно со 31.12.2008 год. Комората брои вкупно: 105 членови. Од кои 88 членки се активни, а 17 се пасивни членови за изминатата година. Во минатата година 8 фирми се откажале од членство.

Вкупно е фактуриран износ од: 1.628.000 денари, од кои се наплатени вкупно 1.420.600 денари.

На име членарина се фактурирани 882,200 денари, а наплатата изнесува 682.800 денари.

Не се наплатени вкупно 199.400 денари, од нив и 36.800 денари од фирми кои го откажаа членството (Тенико, Нискоградба, Никекс, Астибо Фешн, Герас Цунев). Додека, сумата во висина од 24.800 денари е од компании кои пристапија, но не ја платија својата обврска. Преостанатиот ненаплатен износ 137.800 денари е во рок за наплата. Овие членови кои не ја платиле членарината се ставени во група на пасивни членови.

Во вкупно фактурираниот износ делот на фактурирана членарина изнесува 52 %, а пак услугите зафаќаат 48 % од фактурираната вредност.

За споредба тој однос во 2007 година беше 45% членарина и 55% услуги, а пак во 2006 година тој однос беше 71% фактурирана членарина и 29% фактурирани услуги.

Вкупно членарина платиле 68 фирми или 75% успешност на наплата во однос на фактурираната членарина.

Комората нема неплатени финансиски обврски, односно сите трошоци кон партнери, институции и кон вработени се подмирени во целост.

 

Во 2008 година се очекува основните месечни потреби на комората да изнесуваат околу 85.000 денари. Врз основа на програмата се предвидува буџет од околу 1.845,000 денари.

Во оваа година поголем дел од средствата се очекува да бидат обезбедени од членарина, но и процентот на средства добиени од услуги да продолжи да расте што конечно во 2009 значително ќе се почуствува.

Согласно Статутот, Комората се финанасира од коморска членарина, донации, подароци, надомест за услуги кои ги извршува. Висината на членарината според член 11 ја утврдува мнозинството од членови на Собранието на комората.

 

Според член 16 од Законот за сметководство на непрофитните организации финансиската состојба на Македонско Руската Стопанска Комора -Скопје заклучно

со 31.12.2007 год е следната


Приходи на Македонско Руска Стопанска Комора
     
Приходи од членарина   Износ
     
Вкупно фактурирано   882.200,00
     
Вкупно наплатено   682,800,00
     
Вкупно ненаплатено   199,400,00
     
Други приходи   Износ
     
Донации за книга   0,00
ВКУПНО   0,00
     
Приходи од услуги   Износ
     
Организација на саеми, бизнис средби, лого, преводи, книга   745.800,00
ВКУПНО   745.800,00
     
     
ВКУПНИ ПРИХОДИ   1.628.000,00

Расходи на Македонско Руска Стопанска Комора
     
заклучно со 31.12.2008   Износ
     
Телефон годишно 41.257.00
Мобилен телефон годишно 42.464.50
Личен доход и придонеси годишно 492.900.00
Патни трошоци годишно 24.500.00
Книговодствени услуги годишно 16.992.00
Трошоци за превоз – гориво годишно 44.000,00
Набавка на лап топ   еднократно 39.670,00
Собрание 2008 годишно 6.532.00
Репрезентација годишно 51.175.00
Стопанска комора –бифе годишно 9,680,00
Одржување на трибина еднократно 130.566.00
Интернет приклучок – АДСЛ годишно 7.800.00
Персонален данок годишно 14.400.00
Патувања во Русија еднократно 202.181.00
Банкарски провизии еднократно 6.337,00
Канцелариски материјали годишно 2.482.00
Промоција на Комората – во градови годишно 9.500.00
Други трошоци    
     
ВКУПНИ РАСХОДИ   1.388,636,50

ВКУПНИ ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ   1,628,000,00
ВКУПНИ РАСХОДИ   1.388.636,50
Претпоставена ДОБИВКА   239,363,50
Ненаплатен износ –членарини   -199.400.00
Реална состојба на 01.01.2009   39.964,50