|
Состанок со економскиот промотор |
|
|
|
02.07.2010 08:49 |
|
На ден 02.07.2010 год. Беше одржан состанок со Економскиот промотор на Република Македонија во Руската Федерација г-дин Љупчо Камчев. Средбата беше со цел договор околу соработка при одржување на престојниот саем за овошје и зенчук МИР ПИТАНИЕ 2010 во Москва. Имено од промоторот побаравме да обезбеди контакти за компаниите кои ќе учествуваат на саемот. |
|
Се отвори новата винарија „ВИНАРИЈА СТОБИ“ |
|
|
|
30.06.2010 09:36 |
|
На ден 30.06.2010 год. Во Градско пред голем број на гости се отвори новата винарија во Република Македонија „ВИНАРИЈА СТОБИ“. На отварањето беше присутен и премиерот на Република Македонија Г-дин Никола Груевски. Комората беше претставувана од директорот Дејан Бешлиев. |
|
Состанок со Амбасадорот на РМ во Русија |
|
|
|
29.06.2010 09:35 |
|
На ден 29.06.2010 год. Беше одржан состанок со Амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација г-дин Илија Исајловски во врска договорот за соработка со Руски ГАЗПРОМ. Имено, согласно информациите од Амбасадорот се очекува на 12 Јули во Скопје да пристигне делегација на руски експерти со што ќе започнат и конкретните чекори на соработка. Исто така Меѓувладината комисија се очекува да се одржи во месец Октомври 2010 год. |
|
Потпишана спогодбата за Клириншкиот долг |
|
|
|
19.06.2010 07:29 |
|
Во Санкт Петербург беше потпишана спогодбата за Клириншкиот долг од 60 милиони американски долари, Русија на Македонија ќе и го врати со учество во проектот на гасификација на Македонија. Со потпишаната спогодба се затвора повеќегодишно прашање и истовремено се отвораат вратите за многу поголема енергетско-економска соработка меѓу двете земји. „Со тоа ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Република Македонија со ова добива 60 милиони америкаснки долари, средства кои ќе бидат искористени од наша страна за реализација на проекти и со наша контрибуција од 15-16 милиони американски долари верувам дека тоа ќе биде сосема доволно за успеспешно да започне проектот за гасификација на Р.Македонија и третто и можеби најзначајно, со ова практично добиваме можност за зголемена соработка со руската федерација, изјави Зоран Ставревски. Проектот на гасификација на Македонија е тежок околу 300 милиони евра, дел од средствата ќе треба да се обезбедат од македонската страна, а рускиот енергетски гигант „Газпром“ изразил подготвеност да учествува и во финансирањето на проектот со кој Македонија треба да стане дел од гасоводот „Јужен ток“. Постои можност преку Македонија да минува и еден од краците на овој стратешки, за Русија, трансевропски гасовод. |
|
Работен состанок во амбасада на РФ |
|
|
|
17.06.2010 07:27 |
|
Во Амбасадата на Руската Федерација беше одржан состанок со трговскиот претставник г-дин Лесин во врска со пристигнувањето на првиот чартер со Руски туристи на ден 28.06.2010 во Охрид. Комората и Амбасадата во соработка со АППТРМ ќе бидат во одборот за дочек, како резултат на заедничките напори за привлекување на руски туристи во Р.Македонија. |
|
Средба со Претставникот на Стопанската Комора на РФ во Софија |
|
|
|
15.06.2010 07:24 |
|
Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора Г-дин Бешлиев Дејан беше гостин на Претставникот на Стопанската Комора на Руската Федерација во Софија г-дин Григориј Ростовски. Целта на посетата беше подготовка за склучување на меѓусебен договор за соработка, кој се очекува дека ќе се случи во Септември согласно распоредот на претседателот на Стопанската Комора на Руската Федерација г-дин Евгениј Примаков. |
|
Состанок во врска со организирање нац. штанд на саемот во Москва |
|
|
|
04.06.2010 08:11 |
|
Во просториите на УСАИД АгБиз програмата се одржа состанок во врска со организирање на националниот штанд на Република Македонија на саемот за овошје и зеленчук МИР ПИТАНИЕ 2010 во Москва. Притоа, се донесе заклучок дека и оние компании кои се заинтересирани за посета на истиот може да се обратат во Македонска Руска Стопанска Комората за детални информации за саемот, патувањето и сместувањето. |
|
Состанок во Министерство за Економија |
|
|
|
03.06.2010 08:09 |
|
Се одржа состанок во просториите на Министерството за Економија по повод резултатите од заедничката иницијатива за предлози до Владата во однос на соработката со Руската Федерација. |
|
Работен состанок со претставниците на СИПО |
|
|
|
02.06.2010 08:07 |
|
Во просториите на Македонска Руска Стопанска Комора се одржа работен состанок со претставниците на компанијата СИПО Охрид, на состанокот присутствуваше и трговското аташе на РФ во Македонија г-дин Александар Лесин. Целта на средбата е воспоставување на контакти со потенцијални руски партнери и информација за учество на саемот BUS WORLD 2010 во НижниНовгород од страна на компанијата СИПО. |
|
20 години постоење на компанијата „Микросам“ |
|
|
|
16.05.2010 08:58 |
|
Претставници на Македонска Руска Стопанска Комора беа дел од настанот 20 години постоење на компанијата „Микросам“ една од трите водечки светски фабрики во својата бранша. Настанот на прославата се одржа во кругот на фабриката МИКРОСАМ во Прилеп. На свеченоста присутвуваа бројни гости од стопанскиот живот на Република Македонија. |
|
|
|
|
<< Первая < Предыдущая 1 2 3 4 5 Следующая > Последняя >>
|
|
Страница 1 из 5 |