|
Редовен работен состанок |
|
|
|
19.12.2008 18:30 |
|
На ден 19.12.2008 год. Директорот на Македонска Руска Стопанска комора, Г-дин Бешлиев Дејан одржа редовен работен состанок со Министерот советник при Амбасадата на РФ, Г-дин Лесин. На состанокот се разговараше за тековните активности, кои заеднички ги организираат Комората и Амбасадата на Руската Федерација. |
|
Посета на Бугарско-Руската комора |
|
|
|
17.12.2008 18:31 |
|
На ден 17.12.2008 год. Директорот на Комората Г-дин Бешлиев беше во работна посета на Бугарско - Руската Стопанска Комора во Софија. Имено на поканата на претседателот на Комората Г-дин Жељо Добрев, се одржа состанок со цел одржување на заеднички настани во текот на 2009 година по однос на соработка на извоз на суровини во Руската Федерација. |
|
Агенцијата за Инвестиции |
|
|
|
16.12.2008 18:32 |
|
На ден 16.12.2008год. Директорот на Комората присустуваше на настанот организиран од страна на Агенцијата за Инвестиции во однос на работата на државните промотори. Притоа треба да се напомене дека промоторите имаат приоритетна задача да привлекуваат инвеститори од секторот на автомобилската индустрија. Согласно излагањето на промоторот за Руската Федерација, Украина, Казахстан Г-дин Љупчо Камчев, во текот на неговиот шестмесечен престој во овие држави мал е интересот за инвестиции во Република Македонија. Секако ова е очекувано ако се земе во предвид дека главниот руски производител на автомобили ВАЗ од оваа година е во сопственост на францускиот производител Рено. |
|
Програмата за развој и промоција на компании |
|
|
|
15.12.2008 18:34 |
|
На 15.12.2008 год. Директорот намакедонско Руската Стопанска Комората, г-дин Дејан Бешлиев одржа состанок со претставници на Министерството за економија на РМ во врска со програмата за развој и промоција на компании од Р. Македонија, саемските манифестации во Русија во текот на идната 2009 година. Согласно упатството од Министерството за идната година е најавена подршка за настап на саемот "World food - Moscow 2009" |
|
|
Министерството за Економија |
|
|
|
15.12.2008 18:34 |
|
На ден 15.12.2008 год. Директорот на македонско Руската Комора, Г-дин Дејан Бешлиев одржа состанок со претставници на Министерството за Економија на РМ во врска со програмата за развој и промоција на компании од Р. Македонија, саемските манифестации во Русија во текот на идната 2009год. Согласно упатството од Министерството за идната година е најавена подршка за настап на саемот "WORLD FOOD - Moscow 2009". |
|
Европската Бизнис Асоцијација |
|
|
|
12.12.2008 18:30 |
|
На ден 18.12.2008 год. Директорот на Комората Г-дин Бешлиев присуствуваше на трибината организирана од Европската Бизнис Асоцијација под наслов "Македонија во 2009". на трибината на која учесници беа Амбасадорот на Европската Унија, Холандија и САД, во однос на економијата се разговараше за големината на последиците од кризата, кои ќе се почувстуваат во Република Македонија во првиот квартал на 2009 година. |
|
Посетена Тетекс |
|
|
|
27.11.2008 18:35 |
|
На ден 27.11.2008 год. беше посетена компанијата ТЕТЕКС од страна на трговскиот претставник на Амбасадата на РФ, Г-дин Лесин и директорот на Комората Г-дин Бешлиев со цел запознавање на рускиот претставник со производите на компанијата и неговата асистенција за излез на рускиот пазар. |
|
средба со ЕРА |
|
|
|
26.11.2008 18:37 |
|
На ден 26.11.2008 год. Се одржа средба со претставниците на ЕРА сопственици на скопски саем со кои се разговараше за започнување на меѓусебна соработка. Имено, тие се заинтересирани за соработка со компании од Руската Комора, а при тоа нудат простор за медиумска презентација на Комората пред пошироката јавност преку проект за доближување на бизнис заедницата до нови потенцијални компании. |
|
|
|
|
<< Первая < Предыдущая 1 2 Следующая > Последняя >>
|
|
Страница 1 из 2 |